Уапсен министерот за здравство во Хрватска

November 15, 2024
1 min read

Голем потрес во хрватската влада. Уапсен министерот за здравство, Вили Барош, поради сомневање за финансиски малверзации и корупција. Осуммина се под истрага, меѓу кои лекари и директори на неколку здравствени установи.

Од хрватското обвинителство велат осомничените одобриле набавка на дуални микроскопи за неврохирургија, кои биле платени неколку пати поскапо од реалната цена. Уапсен е и директорот на фирмала која ги продавала апаратите. Министерот за здравство пак се сомничи дека земал 75.000 евра мито.

„УСКОК во раните утрински часови спроведе важна акција. Би било цинично да не се спомене името, кога цела држава знае кој е уапсен. Примањето и давање мито е кривично дело. Направени се низа претреси и предложено е да се одреди притвор за уапсените. Утрово ме повика премиерот и ме праша дали е вистина, јас реков дека е.“ – Иван Туруџиќ Државно обвинителство на Република Хрватска.

Истрагата против хрватскиот министер за здравство ја покренала Канцеларијата на Европското јавно обвинителство во Загреб. Истрагата покажала дека компанијата нудела мито а во замена очекувала нивните производи да бидат фаворизирани и избрани.

„Целта на нивното криминално делување била да се осигура едно трговско друштво да биде избрано за продажба на медицински роботски апарати на болници во Хрватска. Има основано сомнение дека тие дале или ветиле награда за манипулација со постапките за јавна набавка.“ – Канцеларија на Европското јавно обвинителство во Загреб.

Тимови на Канцеларија за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал влегле во домот на министерот за здравство во Загреб нешто пред 7 часот изутрина. Хрватскиот министер негира дека постапувал незаконски додека ја извршувал функцијата.

„Можам само да кажам дека господинот Берош негира каква било кривична одговорност. Тоа е се што можам да коментирам во овој момент.“ – Лаура Валковиќ адвокат на Вили Барош 

Веднаш по апсењето, итна седница оддржала и хрватската влада. Вили Берош е разрешен од функцијата а со министерството во следниот период ќе раководи Ирена Хрстиќ која е државен секретар.

„Како претседател на Владата, лично сум згрозен од идејата дека некој во здравствениот систем би ја користел својата положба за лично збогатување или за да му удоволува на некој друг. Станува збор за незаконско дејствување на министерот и некои други службеници во здравството. Тоа е особено чувствителен ресор и тема. Министерот Берош доби доверба од мене и од граѓаните да се грижи за здравството и да управува со ресурсите на законит начин, за да им се обезбедат најдобрите услуги на сите пациенти.“ – Андреј Пленковиќ премиер на Хрватска.

Ова е втор па како хрватската полииција апси актуелен министер во владата на Андреј Пленковиќ. Пред неколку годи во притвор заврши Министерот за просторно планирање и градежништво, Дарко Хорват. И тој беше уапсен под сомнение за злоупотреба на службената положба и корупција.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од денеска на сила стапува законската обврска за носење зимска опрема во возилата

Следно

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард

Latest from Blog

Четиринаесет Американци поради ебола завршиле во карантин во воена база: Тоа не е легално

Патниците, кои се вратиле по копнен пат преку Канада, немале симптоми на болеста и не се сметало дека претставуваат ризик од ширење на болеста, според интерни документи и потврди од две лица

Министерот Велковски се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија. Во фокусот на разговорите беа демографските политики, младите

Изрешетан автобус со аргентински навивачи: Еден фан е застрелан во раката (ВИДЕО)

Враќањето на навивачите на аргентинскиот клуб Тигре од натпреварот во Копа Судамерикана во Уругвај беше одбележано со вооружен напад врз нивниот автобус, при што беше ранет 57-годишен маж. Инцидентот се случил кратко

На американски политичар му ја вандализирале куќата, по што ја сменил одлуката и гласал САД да не му дадат помош на Израел

Смит, пратеник од Вашингтон и врвен демократ во Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, откри дека гласал за намалување на американската воена помош за Израел. Како причина, тој ги наведе насилството

Скопје доби биста на Махатма Ганди: Кој бил човекот што ја предизвика империјата без оружје?

Скопје доби биста на Махатма Ганди, подарок од Индија и нов симбол на пријателството меѓу двете земји. Спомен-бистата беше откриена во Музејот на Град Скопје од претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Друпади Мурму,
Go toTop