Уапсeн екс-фронтменот на „Хладно пиво“

April 11, 2025
1 min read

Како што јави РТЛ, поранешниот фронтмен на групата Хладно пиво, познатиот Миле Кекин, е уапсен во акција на УСКОК (Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал) и полицијата.

 

Во акцијата не е уапсен само Кекин, туку и неколку други лица за наводна измама со недвижен имот.

 

Како што неофицијално дознава сајтот Индекс, во тек е претрес во домот на Кекин, кој е осомничен за неправилности при купувањето земјиште во Истра. Станува збор за афера која се појави во јавноста во пресрет на претседателските избори, на кои сопругата на Кекин, Ивана Кекин, беше кандидат за партијата Можеме.

„Наведените дејствија се спроведуваат во Загреб и регионот на Истра во врска со повеќе лица за кои постои основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела злоупотреба на положбата и овластувањето и перење пари. По распитот на осомничените, УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување во предметниот случај, за што навремено ќе ја информира јавноста“, соопшти УСКОК.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсени 105 лица осомничени за вмешаност во активности на групата „Исламска држава“ во Турција

Следно

Пет лица повредени во сообраќајка во Влае – четири возила учествувале, едно избегало од местото

Latest from Blog

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и

Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)

Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост. Сведоците рекоа
Go toTop