Пет лица повредени во сообраќајка во Влае – четири возила учествувале, едно избегало од местото

April 11, 2025
1 min read

Пет лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во близина на мостот „Влајко“ во скопската населба Влае.

Како што информира МВР, незгодата била пријавена околу 17:30 часот, а се случила на булеварот „Партизански Одреди“. Во несреќата учествувале четири патнички возила: две „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувани од Д.С. (39) од Скопје и З.А. (29) од село Сингелиќ, едно „форд фиеста“ управувано од Т.Т. (46) од Скопје, и „фиат стило“, чииот возач го напуштил местото на настанот.

Според првичните информации, телесни повреди здобиле возачот З.А. и неговите сопатници – Р.Р. (20) од Сингелиќ и Ј.А. (20) од Батинци, како и возачот Д.С. и сопатникот од „форд фиеста“, Д.Т. од Скопје.

Повредените лица биле прегледани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Истрагата за причините и околностите на несреќата продолжува.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсeн екс-фронтменот на „Хладно пиво“

Следно

Јубилејна изложба на еден од најинвентивните: „90 години од раѓањето на Стефан Маневски“

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ го осуди сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар. Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Пожар избувна во рафинерија на компанијата „Шеврон“ близу аеродромот во Лос Анџелес- причината е силен земјотрес

Градот Ел Сегундо соопшти дека рафинеријата спровела безбедносно палење на вишокот гас, што е стандардна процедура за време на прекини во производството, вклучително и земјотреси, објави „Калифорнија пост“. Во инцидентот не се

„Македонија пат“: Патиштата се проодни, екипите остануваат на терен (ФОТО)

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во изминатот деноноќие активно работеше на одржување на безбедноста во сообраќајот и патниот сообраќај во државата се одвива непречено. Сите расположливи
Go toTop