Твитер изгуби повеќе од половина од вредноста откако Маск стана нов газда

March 27, 2023
1 min read

Сепак, сопственикот Илон Маск очекува да се зголеми вредноста на акциите десеткратно за што вели, има јасен, но тежок пат

Откако Илон Маск го купи Твитер односно во последните шест месеци, компанијата загуби повеќе од половина од својата вредност.

Маск, во допис до вработените, наведува дека Твитер сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари, што е значително помалку од 44 милијарди колку што тој плати за купување на компанијата во октомври лани, пишува „Гардијан“.

Маск во дописот исто така истакна како компанијата била само четири месеци од тоа да остане без пари, пред да им подели серија отпуштања на високо позиционирани вработени. Според бројките што ги претстави Маск во декември, бројот на вработени е намален од околу 7 500 на околу 2 000 вработени.

Сепак, тој очекува да се зголеми вредноста на акциите десеткратно.

„Гледам јасен, но тежок пат до проценување (на вредноста) на повеќе од 250 милијарди долари“,

наведува Маск.

Големата девалвација на вредноста на компанијата следеше по турбулентното преземање на Маск. Неколку големи огласувачи ја напуштија платформата, а главниот извор на средства за купување на компанијата од страна на Маск, инвестициската компанија „Фиделити“ ја намали вредноста на својот удел за 56 отсто.

Photo: EPA-EFE/BRITTA PEDERSEN / POOL

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Казнети 152 возачи во Скопје, 99 за брзо возење

Следно

Пукано врз телевизијата „Топ чанел“, убиено лице од обезбедувањето

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop