ТВ 24 дознава: Министерска тројка заедно со Мицкоски на пат кон Вашингтон

July 6, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски заминаа во Америка. Во пресрет на Самитот на НАТО, одбележување на 75 годишнината од формирање на Алијансата, веќе во понеделник се очекуваат и првите активности на македонската делегација. Од Владата за ТВ 24 потврдуваат дека на агендата се повеќе средби со лидери, но и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. 

„Македонската делегацијата  ќе учествува на отворањето на НАТО форумот и ќе присуствува на состаноците на Северноатлантскиот совет, каде што Мицкоски ќе има прилика за средби со други лидери и за изјави за медиуми. Мицкоски ќе присуствува и на вечерата во Белата куќа организирана за лидерите и нивните сопружници“, рекоа од Владата за Телевизија 24 .

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарците ја откажаа средбата меѓу Сијарто и Бербок, Германија изненадена

Следно

Саутгејт е третиот со 100 меча како селектор на Англија

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop