Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна

February 2, 2025
1 min read

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека во врска со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за стоки од ЕУ, тој гледа причина за загриженост, но не и за страв, бидејќи Полска има добри одговори на кризите како што се царинската војна, војната во Украина, растот на екстремната десница и популистите и илегалната миграција.

„Последните настани секако се загрижувачки, најавата на претседателот Трамп дека ќе воведе царини за ЕУ ​​и Полска, интензивирањето на борбите во Украина, зајакнувањето на радикалните про-Путин сили во Европа или илегалната миграција. Да, има причина за загриженост, но не од страв“, рече Туск во видео пораката до Полјаците на социјалните мрежи.

Полскиот премиер рече дека Полска има рекорден, динамичен економски раст, модерна, силна, добро вооружена армија.

„Конечно ја вративме контролата над нашите територијални води. Водиме мудра, но цврста миграциска политика и добра надворешна политика. Добивме вистинско автентично лидерство во Европа. Се е во наши раце. Подготвени сме за различни сценарија. Без страв , но трезвено и без комплекси“, изјави полскиот премиер.

Полска во моментов претседава со ЕУ до крајот на јуни.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без вода дел од Центар

Следно

Инспекторите на АХВ под лупа ги ставија и болничките кујни

Latest from Blog

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал
Go toTop