Турското МВР соопшти дека се неутрализирани двајца водачи на терористичката организација ПКК

June 24, 2024
1 min read

АНКАРА (АА)

Двајца таканаречени водачи на терористичката организација ПКК, од кои едниот беше на „црвената“ листа на најбарани терористи во земјата, се неутрализирани во Источна Туркије, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, јавува Анадолу.

„Султан Даг, со кодно име Беритан Амара, која беше на ‘црвената’ листа, и Зејнеп Нибат, со кодно име Зејнеп Чуди, беа неутрализирани во операцијата ‘Боздоган-45’, која беше спроведена во руралното подрачје на провинцијата Батман“, рече Јерликаја.

Министерот додаде дека терористите учествувале во вкупно девет терористички акции, во кои загинале шест припадници на турските безбедносни сили, а 19 биле повредени.

Јерликаја додаде дека во последните девет дена жандармеријата неутрализирала вкупно 11 терористи, меѓу кои двајца во црвена, четворица во портокалова и двајца во сива категорија.

Листата на потерници на Туркије е поделена во пет категории со означени бои, од кои црвената е најбарана, а следуваат сина, зелена, портокалова и сива.

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вагата да си даде одмор, голема промена за Шкорпијата

Следно

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Latest from Blog

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една
Go toTop