Турското МНР најостро го осуди нападот на водотекот во Косово

November 30, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Туркије најостро го осуди вчерашниот напад на каналот за вода во Зубин Поток на северот на Косово, кој е од критично значење за снабдувањето со вода и електрична енергија на Косово, известува Анадолу.

Турското МНР објави писмено соопштение за нападот на водоводната и електричната инфраструктура на северот на Косово.

Во соопштението најостро се осуди вчерашниот напад на каналот за вода во Зубин Поток, кој е критичен за водоснабдувањето и снабдувањето со електрична енергија во државата.

Турското МНР во соопштението наведе дека оние кои го извршиле нападот ќе бидат идентификувани што е можно поскоро и ќе бидат изведени пред лицето на правдата, истакнувајќи:

„Со ова велиме дека стоиме на страната на Косово и сме подготвени да пружиме секаков вид поддршка доколку е потребно. Ги повикуваме сите страни да дејствуваат воздржано за да се избегне ескалација во регионот“.

– Што се случи

Поради експлозијата што се случи во вечерните часови на северот на Косово, оштетен е водотекот Ибар – Лепенци, кој носи вода за ладење до електраните на јаглен кои произведуваат најголем дел од електричната енергија во земјата.

Водотекот Ибар – Лепенци носи вода за ладење од езерото Газивода на север до многу важни инфраструктурни објекти, особено до електраните на јаглен Косово А и Косово Б, кои произведуваат најголем дел од електричната енергија за потребите на земјата. Преку овој канал се транспортира и главната вода за пиење на дел од главниот град Приштина и повеќе други градови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Реал Мадрид известил премиерлигаш дека ќе преговара за негова ѕвезда

Следно

Укината забраната за сообраќај за тешки возила на Стража

Latest from Blog

Откриена причината поради која Меси плачеше на историскиот натпревар!

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси ја предводеше Аргентина до победа на првиот натпревар од Светското првенство со хет-трик, но прославата на фудбалската икона беше нарушена со солзи по првиот гол. Иако Меси по натпреварот

Проданоски: Од 17 до 19 јули Прилеп ќе живее во ритамот на Пиво Фест

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави дека од 17 до 19 јули Прилеп повторно ќе биде центар на забавата и добрата атмосфера со одржувањето на 23-тото издание на традиционалниот Пиво Фестивал.

Меџити: Со забрзано темпо се гради кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, информираше дека извршил увид во градежните работи на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, при што изразил задоволство од динамиката со која се

Времето денеска променливо облачно и топло

Променливо облачно и топло време со сончеви периоди се очекува денес. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9
Go toTop