Проданоски: Од 17 до 19 јули Прилеп ќе живее во ритамот на Пиво Фест

June 18, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави дека од 17 до 19 јули Прилеп повторно ќе биде центар на забавата и добрата атмосфера со одржувањето на 23-тото издание на традиционалниот Пиво Фестивал.

Според Проданоски, Општина Прилеп и годинава ја дава својата поддршка за организацијата на една од најпознатите културно-забавни манифестации во државата, која се реализира во организација на здружението „Вајб Евентс“.

„И оваа година ќе имаме три незаборавни фестивалски вечери исполнети со врвна музичка програма, препознатливата прилепска скара, богата понуда на пиво и одлична атмосфера во срцето на градот“, истакна Проданоски.

 

Тој нагласи дека заедно со јавните претпријатија, надлежните служби и институциите се преземаат сите потребни активности за Прилеп подготвено да ги пречека илјадниците посетители од земјава и странство.

Пиво Фестивалот традиционално привлекува голем број гости и претставува значаен туристички и економски настан за градот, придонесувајќи за промоција на Прилеп и неговите препознатливи брендови.

Градоначалникот ги покани сите љубители на добрата музика, храната и фестивалската атмосфера да бидат дел од Пиво Фестивал 2026, кој ќе се одржи од 17 до 19 јули во Прилеп.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Со забрзано темпо се гради кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

Следно

Откриена причината поради која Меси плачеше на историскиот натпревар!

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од
Go toTop