Турско МНР: Приоритет на Туркије е одржувањето на мирот во сириски Идлиб и соседниот регион

November 29, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Главна грижа на Туркије е зачувувањето на стабилноста во сириски Идлиб и околните области, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

„Одржувањето на мирот во Идлиб и во соседниот регион, кој се наоѓа на нултата точка на нашата граница, е приоритет за Туркије“, истакна портпаролот на Министерството Онџу Кечели.

Спомнувајќи дека од 2017 година се постигнати неколку договори за зоната на деескалација во Идлиб, Кечели рече дека Анкара внимателно ги исполнува барањата од сите договори во кои е вклучена.

Изјавите доаѓаат по вестите дека вооружените групи кои се спротивставуваат на сирискиот режим на Башар ал-Асад, се пробиле до центарот на градот Алепо, преземајќи контрола на територија од 400 квадратни километри. Според изворите, тие влегле и во стратешки важниот град Саракиб во Идлиб.

„Ние предупредивме на различни меѓународни платформи дека неодамнешните напади на Идлиб достигнаа ниво што го поткопува духот и спроведувањето на договорите од Астана и дека има големи цивилни жртви“, рече Кечели.

„Нагласивме дека овие напади мора да завршат. Всушност, неодамнешните судири резултираа со несакана ескалација на тензиите во регионот“, додаде тој.

За Туркије, спречувањето на понатамошна и поголема нестабилност и осигурувањето на безбедноста на цивилите е од најголема важност, потенцираше тој.

Анкара, исто така, „внимателно го следи“ порастот на нападите врз цивилите и врз Туркије од страна на терористичките организации во Тал Рифат и Мунбич, кои се обидуваат да ја искористат моменталната нестабилност, рече тој.

„Понатаму, загрижени сме што претходните договори постигнати со релевантните страни за ставање крај на присуството на терористите во овие области сè уште не се исполнети“, рече официјалниот турски претставник.

Согласно посветеноста на единството и територијалниот интегритет на Сирија, како и приоритетот за борба против тероризмот, Туркије внимателно го следи развојот на настаните, заклучи Кечели.

Граѓанската војна во Сирија трае од 2011 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Аморим: Нема изговори, мора да го победиме Евертон

Следно

НРБМ ги предупредува граѓаните да внимаваат каде купуваат на “Блек фрајдеј”

Latest from Blog

Кодот води во Софија, не во Пловдив: нови сомнежи околу ТОЕФЛ-дипломата на шефот на АНБ

Според истражување на БИРН, директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски полагал ТОЕФЛ двапати, но неговиот јазичен сертификат содржи низа недоследности што ја доведуваат во прашање неговата автентичност. БИРН добил

Турскиот и ирачкиот министер за надворешни работи разговараа за конфликтот меѓу Израел и Иран

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговараше со ирачкиот колега Фуад Хусеин за тековниот конфликт меѓу Израел и Иран, соопштија денес извори од турското Министерство за надворешни

Руски беспилотни летала погодија трговски центар во Запорожје

СКОПЈЕ (АА) – Серија напади со беспилотни летала се извршени врз југоисточниот украински град Запорожје во текот на ноќта, оштетувајќи ги станбената и комерцијалната инфраструктура, соопштија локалните власти, пренесува Анадолу. Регионалната воена
Go toTop