Турско Министерство за одбрана: Во северна Сирија неутрализирани 17 терористи на ПКК/ЈПГ

October 26, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските сили неутрализираа 17 терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија, во близина на границата со Туркије, соопшти денес турското Министерство за одбрана, јавува Анадолу.

„Нашите херојски Турски вооружени сили неутрализираа 17 терористи на ПКК/ЈПГ откриени во подрачјата на операциите ‘Штитот на Еуфрат’ и ‘Извор на мирот’, и во Мунбич во северна Сирија. Ќе продолжиме со изненадни, неконвенционални, брзи и континуирани операции за уништување на тероризмот во неговиот извор“, се нагласува во соопштението на Министерството.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку своите граници во северна Сирија со цел да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Говорот на турскиот претседател на Генералното собрание на ОН сега достапен како книга

Следно

Двојно убиство кај Бело Поље

Latest from Blog

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,
Go toTop