Турските вооружени сили одлучни во спречувањето на терористичките организации да го дестабилизираат регионот

January 9, 2025
1 min read

МУГЛА (АА) – Турските вооружени сили се решени да ги блокираат напорите на терористичките организации, како што е ПКК/ЈПГ, да го дестабилизираат регионот користејќи стратегиска инфраструктура, како што е сириската брана Тишрин, изјавија денес извори од турското Министерство за одбрана, јавува Анадолу.

Во врска со најновата ситуација во Сирија по соборувањето на режимот на Асад и употребата на невини цивили од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ како жив штит околу браната, изворите за новинарите рекоа: „Турските вооружени сили веруваат во важноста на глобалната соработка и меѓународната солидарност против тероризмот.“

Изворите, исто така, нагласија дека Туркије очекува меѓународната заедница да ја препознае терористичката организација ПКК/ЈПГ, како таква и да соработува поефективно во борбата против тероризмот.

Тие додадоа дека употребата на цивили како жив штит од страна на терористите на ПКК/ЈПГ околу сириската брана Тишрин, како и праќањето терористички организации во областа претставува кршење на човековите права.

„Користењето на цивили како жив штит од страна на терористичките групи за сопствените интереси не е само нехуман пристап туку и чин што ги покажува нивниот очај и морален егзодус.“

Тие додаваат: „Случувањата во регионот се од големо значење и за внатрешната безбедност на Сирија и за безбедноста на границата на Туркије.“

Во врска со територијалниот интегритет на Сирија и барањето на нејзиниот народ за мирно решение, тие рекоа дека доколку терористичките организации одбијат да го положат оружјето, Турските вооружени сили се решени да продолжат со прекуграничните операции за да ја отстранат оваа закана.

„Оваа определба е на сила додека не се елиминираат сите терористички елементи што го загрозуваат мирот во регионот, со цел да се стави крај на активностите на терористичките организации користејќи механизми во рамките на меѓународното право и принципот на правото на самоодбрана од Повелбата на Обединетите нации“, додаде изворот.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително деца, жени и постари лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Израелски дронови летаат над неколку градови во Јужен Либан

Следно

Бугаринот Виктор Стојанов, човекот со забрана за влез во Македонија, најавува панихида за Мара Бунева

Latest from Blog

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна

Со што ќе се соочат македонските граѓани со бугарски пасоши ако Бугарија побара да се откажат од македонското државјанство?

Професорот Александар Спасов, Правниот факултет при УКИМ Скопје, во интервју на ТВ 24 објаснува што би се случило доколку Бугарија побара од македонските граѓани кои поседуваат и бугарско државјанство да се откажат

Теренскиот караван на ВЛЕН стартуваше од Дебар со фокус на проекти и инфраструктура

Од градот ВЛЕН започна теренскиот караван по нејзиното консолидирање во единствен политички субјект, при што копретседателите Изет Меџити и Биљал Касами ја започнаа теренската агенда со посета на градот Дебар. Првата станица

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и
Go toTop