Турските сили неутрализираа 13 терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија

February 8, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа 13 терористи на ПКК/ЈПГ во зоната на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, објави денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

„Ќе ја продолжиме нашата борба против тероризмот со истата одлучност како до денес, без компромиси“, нагласи Министерството на платформата Х.

Во северна Сирија, Туркије спроведе серија успешни антитерористички операции од 2016 година, „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019), со цел да се спречи формирање на терористички коридор и да се обезбеди мирно враќање на локалните жители.

ПКК, која води 40-годишна терористичка кампања против Туркије, е класифицирана како терористичка организација од страна на Туркије, САД и ЕУ. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

По падот на режимот на Асад, ПКК/ЈПГ се обиде да ја искористи регионалната нестабилност за да создаде „терористички коридор“ долж границата со Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сириските жители уживаат во прошетките низ слободен Дамаск

Следно

Санкции за 570 возачи во Скопје, 150 за брзо возење

Latest from Blog

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop