Турските разузнавачи неутрализираа терорист на ПКК/КЏК во северен Ирак

January 4, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските разузнавачи неутрализираа терорист на ПКК, кој планирал напад против Туркије во прекугранична операција во северен Ирак, соопштија денес безбедносни извори, јавува Анадолу.

Националната разузнавачка служба (МИТ) откри дека Садик Шејх Ахмет, терорист на ПКК/КЏК, дејствувал во руралните области на ирачките подрачја Сулејманије и Пенџвин, изјавија изворите кои сакаа да останат анонимни.

Терористот, за кој беше откриено дека подготвувал терористички напади против Туркије, е следен од турското разузнавање и неутрализиран во операција.

Терористот, кој дошол во Туркије на почетокот на антирежимските движења во Сирија, се вратил во Сирија во 2015 година и спроведувал вооружени активности во рамките на терористичката ПКК/ЈПГ.

Исто така е откриено дека Ахмет, кој долго време оперирал на различни позиции во име на терористичката организација во Сирија, подоцна се префрлил во Ирак каде дејствувал со таканаречените високи припадници на терористичката организација на ирачко-иранската граница.

Антитерористичката операција беше започната по терористичкиот напад на ПКК на 29 декември во кој загинаа 12 турски војници во северен Ирак. Турските воздушни напади, оттогаш, уништија десетици терористички позиции во северен Ирак и Сирија и неутрализираа високи терористи.

Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Туркије. Организацијата има и сириски огранок, познат како ЈПГ.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и бебиња, деца и жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вкупно 2.042 повици на 112, најмногу за полицијата

Следно

Димитров за М-НАВ: Од исходот на оваа борба зависи дали ќе нè биде

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop