Турските разузнавачи го „неутрализираа“ главниот терорист на ПКК во северен Ирак

December 25, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските разузнавачи го „неутрализираа“ таканаречениот водач на терористичката организација ПКК во северен Ирак, соопштија денес безбедносни извори, јавува Анадолу.

Разузнавачите извршија операција во градот Сулејманија за неутрализирање на Ердинч Болџал, со кодно име Али Работ.

Болџал бил одговорен за обезбедување идеолошка и воена обука на терористите за напади против безбедносните сили и се подготвувал за операција во Киркук.

Терористот, под надзор на турското разузнавање, беше неутрализиран во прецизна операција заедно со други терористи на ПКК.

Од терористичкиот напад на ПКК во петокот, во кој загинаа 12 војници, турските воздушни напади уништија десетици терористички цели во северен Ирак и Сирија.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган вети дека Туркије ќе ја плати „секоја цена“ за да спречи појава на „терористичка структура“ во северен Ирак и Сирија.

Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Туркије. Постои и сириски огранок, познат како ЈПГ.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК – која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ – е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Риба во(н) мрежа“ од Jована Mатевска Aтанасова е добитник на наградата „Пегаз“ за 2023 година

Следно

Бесплатно вино за сите оние кои ќе дојдат на тродневниот новогодишен фестивал во паркот “Авионче“

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop