Турските пилоти дел од НАТО-вежбата „Воздушен бранител 2023“ добија пофалби од сојузниците

June 23, 2023
1 min read

ВОЗДУХОПЛОВНА БАЗА ШЛЕСВИГ/ЏАГЕЛ (АА) – Турските пилоти дел од вежбата „Воздушен бранител 2023“ (Air Defender 2023), најголемата мултинационална вежба за воздушна одбрана во историјата на НАТО, добија големи пофалби од нивните колеги, американските и германските учесници, јавува Анадолу.

Во вежбата, која траеше од 12 до 23 јуни, имаше 10.000 учесници од 25 земји со 250 авиони, кои спроведоа одбранбени маневри во европскиот воздушен простор под команда на Германското воздухопловство.

На вежбата зеде учество и Туркије со три авиони Ф-16 кои полетаа од Командата на 151-та ескадрила во турскиот град Мерзифон, Амасија, во регионот на Црното Море, кон Германија, изведувајќи приближно 40 летови во текот на вежбата.

Турскиот воен пилот, полковникот Ерсин Озмен, за Анадолу изјави дека Турските воздухопловни сили учествувале со три авиони Ф-16 и 56 лица воен персонал.

„Нашата цел беше да го зголемиме оперативниот капацитет и координацијата со земјите членки на НАТО“, рече тој и додаде: „За нас беше одлична можност да ја покажеме нашата борбена готовност и да ја унапредиме нашата соработка со членките на НАТО.“

Озмен рече: „Работевме меѓусебно со сите земји. Истовремено извршувавме мисии од различни воздушни бази. Видовме дека тоа е изводливо. Таквите мисии ќе се изведуваат и во вистинско оперативно опкружување. Поради тоа ова за нас беше значајна можност за обука.“

Американскиот потполковник Џош Хигинс, пилот на Ф-15 и командант на тимот од американската база во Њу Орлеанс, истакна дека имал неколку интеракции со турските пилоти за време на воздушната вежба и рече дека се добри и професионални пилоти и дека учеле при летањето заедно.

Германски офицер кој работеше со турскиот тим во текот на вежбата, исто така, изрази задоволство од соработката. „Работев со турскиот тим пред девет години. Затоа, знаев што да очекувам. Тие беа одлични, а вежбата помина многу добро“, посочи тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Високиот комесаријат за човекови права на ОН го повика Израел да го „запре насилството во Западниот Брег“

Следно

Кина: Од експлозија во челичарница загинаа четворица работници

Latest from Blog

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е. Зошто е изградена? Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна

Опериран поранешниот бразилски претседател Болсонаро

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денес беше опериран во болница во главниот град Бразилија, соопшти неговото семејство. Болсонаро беше опериран поради хернија, а интервенцијата траеше три и пол часа и помина без

Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа 28-та седница на која донесе повеќе одлуки од негова надлежност. Заменик претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој ја водеше седницата, најнапред му даде збор

Јувентус го убедува Тонали да се врати во Италија

Јувентус ќе направи се оваа зима да го донесе Сандро Тонали. Како што пишува весникот „Газета дело Спорт“ главниот тренер, Лучијано Спалети, е воодушевен од италијанскиот репрезентативец од средниот ред. Раководството на
Go toTop