Турските безбедносни сили неутрализираа 30 терористи на ПКК во северен Ирак

October 25, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во синоќешните воздушни операции врз 34 терористички цели во северниот дел на Ирак, неутрализирани се 30 терористи на ПКК, соопшти денес Министерството за одбрана на Туркије, известува Анадолу.

„Според првичните информации, синоќа во воздушни операции извршени врз 34 терористички цели во Хакурк, Гара, Кандил и Синџар, на северот на Ирак, се неутрализирани 30 терористи на ПКК. Ќе продолжиме да уништуваме терористички гнезда“, се вели во соопштението.

ПКК е сепаратистичко-терористичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави. За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

Опсежните антитерористички операции на турските сили започнаа по терористичкиот напад на ПКК врз седиштето на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во средата во Анкара, во кој загинаа пет лица, а повеќе од 20 беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски ги повика граѓанските организации да учествуваат во градењето на поквалитетен национален образовен систем

Следно

Македонија има втор и петти најдобар кадет во европското олимписко таеквондо

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop