Турскиот претседател разговараше за регионални и глобални прашања со австрискиот канцелар Штокер

July 10, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари телефонски разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер на кој стана збор за билатералните односи, како и за регионални и глобални прашања, соопшти Дирекцијата за комуникации на Турција, јавува Анадолу.

Ердоган рече дека можноста за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина не треба да се пропушти и дека доставувањето итна хуманитарна помош во Газа што е можно поскоро е од најголема важност.

Тој истакна дека Турција ги продолжува своите напори за обезбедување стабилност во Сирија и дека зголемувањето на социјалната и економската благосостојба е значајно за да се олесни враќањето на сириските бегалци во својата татковина.

„Турција и Австрија“, рече Ердоган, „треба ефикасно да го искористат потенцијалот на полето на трговијата и инвестициите, и ќе продолжат да преземаат чекори за унапредување на соработката.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина го претстави планот за двоен фонд од 1 билион долари за долгорочна обнова

Следно

Србија прогласи елементарна непогода во пет градови и 11 општини поради пожари

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop