Турскиот претседател повика на туркиско единство за праведно решавање на палестинското прашање

November 5, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес повика на единство меѓу туркиските народи во насока на поддржување праведно решавање на палестинското прашање, јавува Анадолу.

„Како туркиски свет, исклучително е важно да продолжиме со нашите напори за трајно и праведно решение за палестинското прашање“, рече Ердоган во своето обраќање на Шестиот состанок на Советот за стратегиска соработка меѓу Туркије и Киргистан во Бишкек.

Турскиот претседател, исто така, ја истакна посветеноста на Туркије на борбата против тероризмот во партнерство со Киргистан, особено против терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за пуч во Туркије во 2016 година.

„Нашата борба против сите форми на тероризам, особено против ФЕТО, ќе продолжи непречено“, нагласи тој.

Турскиот претседател претходно беше пречекан од неговиот киргистански колега Садир Жапаров со официјална церемонија.

Ердоган пристигна во Киргистан вчера за да присуствува на 11. Самит на Советот на шефови на држави на Организацијата на туркиски држави.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бензема: Мбапе знае дека во Реал убиваат за 2-3 меча без постигнат гол

Следно

Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop