Турскиот претседател Ердоган пристигнa во Турската Република Северен Кипар

July 20, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ/ЛЕФКОСА (АА) — Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес пристигна во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за да присуствува на настаните по повод 50-годишнината од Кипарската мировна операција, познат како Ден на мирот и слободата, јавува Анадолу.

Ердоган беше пречекан од претседателот на кипарските Турци Ерсин Татар на аеродромот Ерџан во главниот град Лефкоса. По церемонијата за добредојде, Ердоган положи венец на споменикот на Ататурк во градот и се потпиша во специјалната книга кај споменикот.

„Ја доживуваме вистинската гордост од достигнувањето на 50-годишнината од мировната операција на 20 јули, која нашите херојски вооружени сили ја изведоа рамо до рамо со народот на кипарските Турци.

„Турската нација преку оваа операција уште еднаш му ја покажа на светот својата непоколеблива посветеност на својата независност и иднина. Народот на кипарските Турци ја продолжува својата борба за независност, крунисана со победа, со цврста поддршка на Татковината Турција и гледа кон иднината со надеж и доверба“, напиша Ердоган во книгата.

Тој, исто така, им оддаде почит на турските војници кои „ги оставија овие простори како нивна татковина“ и им се заблагодари на ветераните кои се бореа во операцијата.

Ердоган беше придружуван од претседателот на турскиот Парламент Нуман Куртулмуш.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бебе во Газа спасено од стомакот на мајка убиена во израелски напад

Следно

Напаѓачот на Трамп користел дрон над местото на настанот неколку часа пред атентатот

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола
Go toTop