Бебе во Газа спасено од стомакот на мајка убиена во израелски напад

July 20, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Во напад на израелската војска врз бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, убиена е Палестинка која била во деветтиот месец од бременоста, но лекарите успеале да го спасат нејзиното бебе, јавува Анадолу.

Како што објави палестинската новинска агенција ВАФА, лекарите во болницата „Авде“ во бегалскиот камп Нусејрат изведоа успешна операција и го спасија бебето од стомакот на трудницата која била донесена мртва во болница во раните утрински часови.

Бебето, благодарение на огромните напори на медицинскиот тим и лекарите, е родено со царски рез. Потоа е сместено во инкубатор на одделението за новороденчиња во болницата „Акса“.

Успешната операција ја извршиле акушерките.

Болницата „Авде“ обезбедува здравствени услуги како единствена болница која обезбедува гинеколошки и акушерски услуги во централниот дел на градот од почетокот на израелскиот масакр над Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто Олимпијадата во Франција е голем безбедносен предизвик?

Следно

Турскиот претседател Ердоган пристигнa во Турската Република Северен Кипар

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола
Go toTop