КАЗАН (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес пристигна во рускиот град Казан за да присуствува на 16-тиот Самит на БРИКС, јавува Анадолу.
Ердоган е придружуван од неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан и други високи претставници.
Тој беше пречекан од високи претставници од земјата домаќин и од турскиот амбасадор во Москва Танју Билгич.
На тридневниот самит, кој започна вчера и ќе трае до утре (четврток), присуствуваат долгогодишните членки Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република – изворот на името на групата – како и од неодамна новите земји членки Египет, Етиопија, Иран и ОАЕ.
Ердоган претходно рече дека Туркије „искрено“ сака да ја унапреди соработката со БРИКС.
Извор: Anadolu Agency (AA)