Турскиот претседател Ердоган на католичките христијани им го честита Божиќ

December 25, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес упати срдечни честитки до католичките христијани по повод Божиќ, посакувајќи им мир и среќа, јавува Анадолу.

„По повод Божиќ упатувам срдечни честитки до нашите граѓани од христијанска вера“, истакна Ердоган, според соопштението објавено од Дирекцијата за комуникации на Туркије.

Ердоган рече дека како и во историјата на „нашата цивилизација, ние и денес остануваме посветени кон тоа да се осигуриме дека нема да се прават разлики меѓу луѓето врз основа на потекло, раса, јазик, религија или деноминација“.

„За нас е од големо значење сите наши граѓани да можат слободно да живеат според сопствената култура, религија и традиции“, додаде тој.

Просторот на Туркије обезбеди засолниште за сите што бегаат од конфликт, војна, угнетување или прогон, истакна турскиот претседател.

„Нашата земја, во услови на регионални конфликти и нестабилност, е место каде што сите наши граѓани, без оглед на нивната религија, верување, етничко потекло или деноминација, може да живеат со сигурност за својата иднина, во мир, хармонија и безбедност“, додаде Ердоган.

„Уште еднаш им го честитам на сите христијани, особено на нашите христијански граѓани, Божиќ и им посакувам мир, среќа и благосостојба“, порача турскиот претседател.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доделени наградите за 2024: Бобан Илиоски и Милијана Релиќ прогласени за спортисти на годината

Следно

Митева: Имавме тешки седум години наназад, не чека многу работа, труд и посветеност

Latest from Blog

Трамп пристигнува во посета на Ирска: Се подготвуваат протести, полицијата е на нозе

Трамп ќе присуствува на состаноци во главниот град на Ирска, Даблин, како и во неговиот голф одморалиште во Дунбег, округот Клер, кој е домаќин на Ирскиот опен. Ирскиот премиер Мајкл Мартин рече

Божиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата когенеративна централа на „ТЕССА Енерџи“ во Општина Чаир, на настан на кој присуствуваа и

Министерство за финансии: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

12 септември 2026 година, Скопје – Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на ниво „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната

GREEN MACHINES ГО ЗАЈАКНУВА ПРИСУСТВОТО НА АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР – GM720ze И GM500Zze ПРЕТСТАВЕНИ НА САЕМ ВО ХЈУСТОН

Green Machines, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот PWX 2026 во Хјустон, САД, каде заедно со својот дилер за Тексас,
Go toTop