Турскиот МИТ во Ирак ја неутрализираше Рожда Билен, една од лидерките на терористичката организација ПКК

March 19, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во акцијата на Турската национална разузнавачка служба (МИТ) во ирачкиот град Сулејманија, неутрализирана е Рожда Билен, една од таканаречените лидерки на терористичката организација ПКК/КЏК, пренесува Анадолу.

Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ утврди дека Билен, со кодно име Бисенг Бруск, се наоѓала во округот Пенцевин, во руралното подрачје на Сулејманија.

Во акцијата спроведена од МИТ Билен е успешно неутрализирана.

Наведено е дека Билен, која ѝ се приклучила на организацијата во 2011 година, пред Кривичниот суд во Ескишехир била обвинета за кривично дело „членство во вооружена терористичка организација“ и се наоѓала на „сината“ листа на терористи по потерница на турското Министерство за внатрешни работи.

Терористите на ПКК често се кријат во Северен Ирак за да организираат прекугранични напади во Туркије.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студија на IQAir: Само седум земји ги исполнуваат критериумите на СЗО за квалитетот на воздухот

Следно

Доделување на новинарските награди „Никола Младенов 2023“

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop