Турскиот министер за одбрана: Во Северен Ирак и Сирија неутрализирани се 59 терористи на ПКК

December 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерот за национална одбрана на Туркије, Јашар Ѓулер, соопшти дека Турските безбедносни сили неутрализирале 59 припадници на терористичката организација ПКК во Северен Ирак и Сирија, близу турската граница, пренесува Анадолу.

„Извршивме воздушни операции на 71 позиција во Северен Ирак и Сирија, и неутрализиравме 59 терористи преку операции, судири и други начини“, се вели во соопштението на Министерството објавено на платформата X.

Турските власти го користат терминот „неутрализирање“ за да имплицираат дека терористите се предале или биле убиени или заробени.

„Како што секогаш изјавувавме, нашата борба против тероризмот ќе продолжи сѐ додека не се неутрализира и последниот терорист“, рече Ѓулер.

Откако во терористичкиот напад на ПКК минатиот петок загинаа 12 војници, во воздушните напади на турските сили уништени се десетици терористички позиции во Северен Ирак и Сирија.

Во саботата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека Туркије по секоја цена ќе спречи појава на терористичка структура во Северен Ирак и Сирија, долж границите со Туркије.

Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак каде планираат прекугранични напади во Туркије. Терористичката организација има и сириски огранок, познат како ЈПГ.

Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и бебиња.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје стапуваат во сила препораките поради зголеменото аерозагадување

Следно

Телекомуникациските услуги во Централна и Јужна Газа постепено се враќаат

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop