Телекомуникациските услуги во Централна и Јужна Газа постепено се враќаат

December 27, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Телекомуникациските услуги денес делумно се вратија во Појасот Газа по вчерашниот прекин, соопшти телекомуникацискиот оператор, пренесува Анадолу.

Компанијата „Џавал“ соопшти дека телефонските и интернет-услугите се вратени во областите во централниот и јужниот дел на Појасот Газа.

Но во северниот дел на Појасот Газа и понатаму се во прекин комуникациските услуги поради интензивното израелско бомбардирање и ограничената мобилност на техничките тимови.

Вчера компанијата објави целосен прекин на комуникациските и интернет-услугите во Појасот Газа поради тековните израелски воздушни напади.

Последниот прекин е осми по ред од почетокот на судирот помеѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

Израел започна голема воена кампања врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври, во која, според здравствените власти во Газа, досега се загинати најмалку 21.110 Палестинци, главно, жени и деца, а повредени се 55.243.

Израелските напади ја оставија Газа во урнатини, со 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена и речиси 2 милиона луѓе раселени поради сериозниот недостиг на храна, чиста вода и лекови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за одбрана: Во Северен Ирак и Сирија неутрализирани се 59 терористи на ПКК

Следно

Зибери: Трошоците за нови документи треба да ги сноси државата

Latest from Blog

Кој вели дека не сме за во Б дивизија, проекциите велат Македонија и во 2028/2029 ќе биде таму

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во Лига Б од Лигата на нации и во наредната сезона 2028/2029. Тоа го прогнозираат симулациите на суперкомпјутерот на платформата за фудбалска статистика Football Meets Data.

Тоневски: Спортскиот дух нема години – честитки за одличниот успех на пробиштипските пензионери

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека пробиштипските пензионери кои учествуваа на Републичките спортски натпревари на пензионерите од Македонија. Претставниците на Здружението на пензионери од Пробиштип постигнаа одлични резултати, освојувајќи

Николоски: Македонија на чекор до историски рекорд од 4 милиони патници

Авиосообраќајот во Македонија продолжува да бележи значителен раст, а годинава бројот на патници на двата аеродроми би можел да достигне 4 милиони, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него,

(Видео) ТРАГЕДИЈА ВО ИСТАНБУЛ – Се урна дел од зграда, спасувачки екипи на теренот

Рано утрово околу 5:40 часот се урнаа првите три ката од седумкатна станбено-деловна зграда во истанбулската населба Малтепе, предизвикувајќи масовна спасувачка акција и голема загриженост откако под урнатините се трага по преживеани.
Go toTop