Турскиот министер за одбрана повика на глобална поддршка за „историскиот процес“ во Сирија

December 13, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, ја повика меѓународната заедница да го поддржи „историскиот процес“ кој се одвива во Сирија, јавува Анадолу.

„Меѓународната заедница мора да го поддржи овој историски процес кој отвора важен прозорец на можности во Сирија“, порача Ѓулер пред пратениците во главниот град Анкара.

Тој рече дека Израел со неговите напади во Сирија ги ескалира тензиите и сее нестабилност во регионот.

Ѓулер нагласи дека светот не смее да молчи за постапките на Тел Авив, опишувајќи ги како „најјасен одраз на окупаторскиот начин на размислување“.

Израелската армија ја зазеде тампон зоната во сириската окупирана Голанска Висорамнина во неделата, набргу откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го објави пропаѓањето на договорот за раздвојување со Дамаск, надгледуван од ОН.

Веднаш по падот на режимот на Асад на 8 декември, израелската армија ја зазеде тампон зоната во сириската окупирана Голанска висорамнина, набргу откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го објави пропаѓањето на договорот за недејствување со Дамаск, надгледуван од Обединетите нации.

Израелската армија изведе стотици воздушни напади врз воени бази, станици за противвоздушна одбрана и штабови на разузнавањето, како и складишта за ракети со долг и краток дострел и залихи на неконвенционално оружје низ Сирија.

Башар ал-Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт во Сирија од 1963 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Австрија на сириските бегалци им нуди 1.000 евра да се вратат дома

Следно

Зајкова: Злонамерната иницијатива за моја смена веќе е отстранета

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop