Турскиот министер за одбрана оствари средба со колегите на самитот на НАТО во Брисел

June 14, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, денес учествува на вториот и последен ден од состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, јавува Анадолу.

„Состанокот на министрите за одбрана на НАТО продолжува во Брисел. Министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер учествува на сесијата на вториот ден од самитот“, соопшти Министерството за одбрана на Туркије преку платформата X.

Ѓулер „имаше разговор со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин“ и „неколку министри за одбрана од сојузничките земји пред втората сесија“, се додава од Министерството.

Оттаму не се дадени дополнителни детали за разговорите.

Ѓулер пристигна во Брисел во средата за да учествува на состанокот на НАТО, а вчера одржа билатерални средби со своите колеги од повеќе земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин ги објави руските услови за почнување мировни преговори со Украина

Следно

Условни казни за „кошкачите“ во М-НАВ

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop