Турскиот министер за надворешни работи во Анкара ги прими етиопскиот и сомалискиот колега

August 12, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес во турскиот главен град Анкара ги прими своите колеги од Етиопија и од Сомалија, јавува Анадолу.

Фидан оствари средба со етиопскиот министер за надворешни работи Таје Атске Селасие, а подоцна и со сомалискиот министер за надворешни работи Ахмед Моалим Фиќи, соопшти турското Министерство за надворешни работи на Х.

Од страна на официјалните претставници не се соопштени повеќе детали за средбите.

Туркије денес ќе биде домаќин на втората рунда разговори во Анкара меѓу министрите за надворешни работи на Етиопија и на Сомалија во Анкара.

Првата рунда директни разговори меѓу министрите за надворешни работи на Етиопија и Сомалија се одржа исто така во Анкара на почетокот на јули.

Односите меѓу Етиопија и Сомалија се влошија откако Етиопија склучи договор со отцепениот регион Сомалиланд на 1 јануари.

Туркије работи на ставање крај на тензиите меѓу двете земји на Рогот на Африка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелските напади во Појасот Газа од 7 октомври убиени се речиси 39.900 Палестинци

Следно

Генералниот секретаријат на Владата ја презема организација за прославата за Рамковниот договор

Latest from Blog

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за
Go toTop