Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот ирански претседател

July 29, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан утре ќе го посети Техеран за да учествува на церемонијата на инаугурација на новоизбраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан, јавува Анадолу.

„Нашиот министер ќе го посети Техеран на 30 јули 2024 година за да присуствува на церемонијата на инаугурација на новоизбраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан“, истакна денес турското Министерство за надворешни работи.

Во вториот круг од претседателските избори одржани во Иран на 5 јули реформистичкиот пратеник од Табриз и поранешен министер за здравство Пезешкијан освои 53,7 отсто од гласовите, со што стана деветти претседател на земјата.

Утре (вторник) ќе се одржи свечената заклетва на Пезешкијан, на која ќе присуствуваат претставници, шефови на држави и министри од различни земји.

По ова Пезешкијан ќе му го претстави својот Кабинет на Собранието за изгласување доверба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија тврди дека соборила 39 украински беспилотни летала над повеќе региони

Следно

Има ќар и од две недели детокс од социјални мрежи

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop