Русија тврди дека соборила 39 украински беспилотни летала над повеќе региони

July 29, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес потврди дека соборила 39 украински беспилотни летала над повеќе региони, јавува Анадолу.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се вели дека системите за противвоздушна одбрана на земјата собориле 19 беспилотни летала над регионот Курск што граничи со Украина.

Понатаму во соопштението се вели дека девет беспилотни летала биле пресретнати над пограничниот регион Белгород, а пет над пограничниот регион Брјанск.

Во соопштението се додава дека руските системи за воздушна одбрана во регионите Ленинград и Воронеж собориле три беспилотни летала.

Гувернерот на Курск, Алексеј Смирнов, на Телеграм изјави дека паѓање на остатоци од беспилотни летала е забележано во административната престолнина на регионот, како и во областите Понировски, Приштенски, Солнцевски, Суджански и Золотухински.

Од остатоците што паднаа се оштетени мост во областа Суджански и далноводи во областа Солцевски.

Во регионот Воронеж е пријавена штета во областа Острогожски врз основа на прелиминарните информации, изјави гувернерот Александар Гусев на Телеграм.

Локалните власти во Белгород, Брјанск и Ленинград не известија за жртви или штети во нивните региони.

Украинските власти сè уште не ги коментираа тврдењата на Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Северна Македонија со најбавна дигитализација во Европа

Следно

Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот ирански претседател

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop