Турскиот министер за надворешни работи ќе престојува во официјална посета на САД

March 24, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ќе престојува во официјална посета на Вашингтон на 25 и 26 март, каде што ќе се состане со високи американски официјални лица, соопштија денес дипломатски извори, јавува Анадолу.

Фидан ќе се состане со американскиот државен секретар Марко Рубио и со други високи американски официјални лица, велат изворите.

Ова е прва посета во рамките на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и ќе биде насочена кон зајакнување на билатералните односи, како и подготовка за идни средби на високо ниво меѓу двете земји.

Разговорите ќе опфатат повеќе регионални прашања, вклучително и ситуациите во Украина, Палестина и Сирија, со посебен акцент на можностите за зголемена соработка.

Се очекува Фидан да ги претстави ставовите на Анкара за клучните регионални теми, особено за поддршката на стабилноста и територијалниот интегритет на Сирија.

Ќе се разговара и за важноста на укинувањето на санкциите за Сирија и проширување на турско-американската соработка во областа на хуманитарната помош и реконструкцијата. Дополнително, теми на агендата ќе бидат борбата против ДЕАШ и управувањето со камповите во регионот.

На средбите ќе има и дискусии за зајакнување на соработката во борбата против тероризмот, вклучително и напорите за неутрализирање на структурите на ПКК/ЈПГ во Сирија, како и борбата против организацијата ФЕТО.

Фидан ќе ја нагласи дипломатската улога на Туркије во обидите за завршување на руско-украинската војна и нејзината поддршка за американските иницијативи за примирје, нудејќи дополнителна помош во тие напори.

Разговорите ќе опфатат и прашања поврзани со постигнувањето траен прекин на огнот во Газа, олеснување на хуманитарната помош и американската улога во користењето на својот дипломатски ангажман врз Израел.

Ќе се разговара и за укинување на санкциите од Законот за спротивставување на американските противници (CAATSA), враќањето на Туркије во програмата за борбени авиони Ф-35 и отстранување на пречките во одбранбената индустриска соработка.

Министерот ќе ја истакне потребата од усогласување на соработката во одбранбениот сектор со геополитичките реалности, со надеж за остварување на целта за трговска размена од 100 милијарди долари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Импресивните оризови полиња во Виетнам привлекуваат голем број посетители

Следно

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop