Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

March 24, 2025
1 min read

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се зголеми за половина до еден денар, додека цената на дизелот ќе се намали за половина денар по литар, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со оваа одлука, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за просечни 0,04 отсто во однос на претходната пресметка.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар и ќе изнесува 75 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за еден денар и ќе се продава по 77,5 денари за литар. За разлика од тоа, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар и ќе биде 68 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета и ќе изнесува 68 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,590 денари по килограм, што ќе ја постави на 40,755 денари.

РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат зголемување кај бензините за 2,721 отсто, како и кај екстра лесното масло за 0,706 отсто. Сепак, дизелот има намалување од 0,522 отсто, додека мазутот е поевтин за 1,881 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, по кој беа формирани цените при претходната пресметка, е понизок за 0,1162 отсто.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи ќе престојува во официјална посета на САД

Следно

Љатифи Азизи: Денеска од болниците ќе бидат отпуштени 16 пациенти кои досега се лекувале во земјава

Latest from Blog

„Каде е факелот за Груби?“ – ВЛЕН со порака до Ахмети и врвот на ДУИ

ВЛЕН упати критики до раководството на ДУИ по излегувањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби од куќен притвор, оценувајќи дека престанокот на оваа мерка не значи и крај на судската постапка против него.

Бесплатни кошаркарски тренинзи за деца од 8 до 14 години во Пробиштип

Компанијата „Булмак 2016“, во соработка со градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, го претставува проектот „Кошарка за секое дете“. Проектот им овозможува на момчиња и девојчиња од 8 до 14 години бесплатно

30 СЕНЗОРИ ЈА СЛЕДАТ ПЛАНИНАТА ХОХФОГЕЛ: Се подготвува ли масивно одронување?

Научниците предупредуваат на можноста од масивно одронување на карпи на планината Хохфогел (дел од Алпите), која се издига на надморска височина од 2.592 метри, на границата меѓу Германија и Австрија. Пукнатината што

Бакарот станува стратешки ресурс – може ли Македонија да го претвори својот минерален потенцијал во економска можност?

Бакарот добива сè поголемо значење на глобалните пазари, додека аналитичарите предупредуваат на можен недостиг од 2027 година. Според UBS Group, дефицитот на металот следната година би можел да достигне 379.000 тони, во
Go toTop