Турскиот министер Шимшек: Туркије во 2023 година обезбеди 8,8 милијарди долари надворешно финансирање

January 11, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за трезор и финансии на Туркије, Мехмет Шимшек, изјави дека износот на надворешно финансирање што Туркије го обезбеди од финансиските организации и агенции минатата година достигна 8,8 милијарди долари, јавува Анадолу.

Шимшек во изјавата за Анадолу рече дека ресурсите финансирани од меѓународни организации, владини агенции, агенции за извозно кредитирање и комерцијални заемодавци „се знак за доверба во Туркије и во нашата програма што се базира врз транспарентност, конзистентност, отчетност и предвидливост“.

Тој истакна дека некои од овие ресурси ќе бидат клучни во обновата на 11 турски области што беа погодени од силните земјотреси минатиот февруари и дека 640 милиони долари се обезбедени на 19 декември 2022 година за поддршка на бизнисите во погодените региони.

– „Финансирањето ќе се искористи за економски активности во погодените области“ –

Министерот Шимшек соопшти дека финансирањето во износ од 100 милиони долари обезбедено од Исламската банка за развој од Банката за индустриски развој на Туркије ќе бидат искористени за финансирање инвестиции фокусирани кон ревитализација и зајакнување на економските активности во погодените области.

Тој нагласи дека 20 милијарди јени (137,5 милиони долари) финансии од Јапонската агенција за меѓународна соработка ќе бидат искористени од заемодавецот Организацијата за развој на мали и средни претпријатија на Туркије за поддршка на капиталот на микро, малите и средните претпријатија во погодените турски области.

Шимшек изјави и дека кредитната агенција Јапонска банка за меѓународна соработка обезбедила 400 милиони долари финансии со по 200 милиони долари за Развојната и инвестициска банка на Туркије и Банката за индустриски развој на Туркије.

„Овие ресурси ќе се искористат за финансирање обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и инвестиции за управување со водните ресурси и отпадот со напредна технологија, поради тоа што ние се фокусираме на ревитализацијата и зајакнувањето на економската активност во областите погодени од земјотресот“, додаде турскиот министер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска соопшти дека во последните 24 часа ранети се 14 војници

Следно

СУПЕР ДОБИТЕН ДЕКЕМВРИ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 51.233.273 ДЕНАРИ

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop