Турскиот министер Јерликаја: Завршена идентификацијата на терористите кои го извршија нападот во Анкара

October 24, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, денес изјави дека е завршена идентификацијата на терористите кои беа неутрализирани во терористичкиот напад врз Турската воздушна индустрија (ТУБАШ) во Анкара, јавува Анадолу.

„Терористката неутрализирана во предавничкиот терористички напад на ТУБАШ е идентификувана како членка на ПКК, Мине Севјин Алчичек“, изјави Јерликаја.

Претходно мажот терорист беше идентификуван како Али Орек, со кодно име „Ројгер“, припадник на терористичката организација ПКК.

„Уште еднаш посакувам милост од Алах за нашите шехиди и брзо закрепнување на повредените“, рече Јерликаја.

„Ниту еден терористички напад не може да ја скрши нашата решителност. Тие не можат да ја заплашат нашата благородна нација“, додаде тој.

Најмалку пет лица загинаа, а 22 се повредени во вчерашниот терористички напад врз седиштето на ТУБАШ во Анкара.

Во својата повеќе од 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК – која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ – е одговорна за смртта на 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не е само „Ел Класико“: Родриго ќе пропушти уште три натпревари на Реал Мадрид

Следно

Запалено возилото на новинарот и сопственик на регионалната Телевизија МНЕТ

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop