Турскиот министер Фидан: Сите палестински групи треба да се помират без одложување

February 27, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Сите палестински групи треба да се здружат и да се помират без одложување, рече денес турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, за време на состанокот со генералниот секретар на Централниот комитет на Фатах, Џибрил ал-Раџуб, во Анкара, соопшти турското Министерство за надворешни работи на платформата Х, пренесува Анадолу.

Истакнувајќи дека палестинскиот претседател Махмуд Абас треба да го води процесот, Фидан нагласи дека сите Палестинци мора да дејствуваат во единство против експанзионистичката политика на Израел, се додава од Министерството.

Бројот на убиени Палестинци во Газа во деструктивната војна на Израел од октомври 2023 година достигна 48.365.

Договорот за прекин на огнот во Газа е на сила од 19 јануари, со што се запре израелската војна која предизвика опсежно уништување и која ја остави палестинската енклава во урнатини.

И покрај прекинот на огнот, локалните власти на Газа известуваа за речиси секојдневно прекршување на прекинот на огнот од страна на израелската војска.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Шефот на НАТО разговараше со Трамп: „САД и НАТО стануваат посилни“

Следно

Фаризи во Аргумент плус: Ако сме рамо до рамо со САД не значи дека сме против ЕУ

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен
Go toTop