Турскиот министер Фидан разговараше со американскиот државен секретар Рубио за Сирија, Газа и Украина

February 14, 2025
1 min read

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес оствари средба со американскиот државен секретар Марко Рубио на која разговараше за ситуацијата во Сирија и Газа, меѓу останатите прашања, соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу.

За време на нивната прва тет-а-тет средба, која се одржа на маргините на 61. Минхенска безбедносна конференција, Фидан ги сподели ставовите на Туркије за чекорите што земјите во регионот би можеле да ги преземат во борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Фидан ја нагласи важноста од траен прекин на огнот во Газа и рече дека израелско-палестинскиот конфликт мора да се реши со цел да се воспостави регионален мир.

Детално стана збор и за последните случувања во врска со можноста за мир меѓу Украина и Русија.

Фидан на маргините на конференцијата реализираше и одвоени состаноци со својот британски колега Дејвид Лами и германската колешка Аналена Баербок.

На средбата со Лами, Фидан ја истакна важноста на политичкото единство на Сирија и дека треба да се поддржи сириската влада, која е на власт по падот на режимот на Асад во декември 2024 година.

Тој рече дека трајното примирје во Газа е од суштинско значење за мирот во регионот.

На средбата со Баербок, Фидан се осврна и на случувањата во врска со војната во Украина, безбедносната ситуација во Сирија како и трансатлантските односи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина познатиот гинеколог проф. д-р Јован Јуруковски

Следно

Анчелоти: Уморен сум од шпекулациите за Винисиус

Latest from Blog

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар
Go toTop