Турскиот министер Фидан повика без одлагање да започне мировниот процес во руско-украинската војна

February 20, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, изјави дека сеопфатниот мировен процес во врска со руско-украинската војна треба да започне без одлагање со учество и на двете страни, известува Анадолу.

Според информациите добиени од извори од турското МНР, министерот Фидан се обратил на 27-миот состанок на министрите за надворешни работи на МИКТА (Мексико, Индонезија, Јужна Кореја, Туркије, Австралија).

Фидан во своето обраќање рекол дека ситуацијата во Газа и Либан, најновите случувања во Сирија, тековната војна во Украина и ескалацијата на хуманитарните кризи низ светот ја нагласуваат итната потреба за зголемена мултилатерална соработка.

Министерот Фидан упати порака дека Туркије решително ја продолжува посветеноста за „територијалниот интегритет и суверенитет“ на Украина.

Наведувајќи дека Туркије продолжува да ја нагласува потребата од дипломатија за ставање крај на војната, министерот Фидан рече:

„Без одлагање мора да започне сеопфатен мировен процес со учество и на двете страни во војната“.

Фидан подвлече дека Туркије е подготвена да даде целосна поддршка во преговорите за постигнување траен и одржлив мир меѓу двете страни.

– Ситуацијата во Газа

Посочувајќи дека прекинот на огнот во Газа „обезбеди привремено олеснување и испорака на хуманитарна помош“, Фидан рече: „Заедно со ова, тековните ограничувања на Израел за хуманитарниот пристап ги попречуваат напорите за ублажување на кризата во целина“.

Истакнувајќи дека се надева дека ќе биде постигнат прогрес напредувајќи кон втората фаза од прекинот на огнот и дека на крајот ќе бидат преземени конкретни чекори за решението на две држави, министерот Фидан додаде:

„Сите заедно, имаме капацитет да одговориме на хуманитарните потреби во Сирија, Газа и пошироко“.

Осврнувајќи се на зајакнувањето на соработката во рамките на МИКТА, Фидан истакна дека е „трајна“ определбата за продлабочување на билатералните односи со другите членки на МИКТА во рамките на партнерството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Француските сенатори бараат забрана за брак меѓу Французите и нерегуларните мигранти

Следно

Биљали во Аргумент плус: После секоја пандемија има војна, изјавите на Трамп ја плашат ЕУ

Latest from Blog

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете
Go toTop