Турскиот министер Фидан: Не сакаме натамошна ескалација на граѓанската војна во Сирија

December 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес изјави дека последните случувања во Сирија не може да се објаснат со надворешна интервенција, ситуацијата е резултат на нерешените проблеми во последните 13 години, јавува Анадолу.

Последните случувања уште еднаш покажуваат дека сирискиот режим мора да се помири со сопствениот народ и легитимната опозиција, рече Фидан на прес-конференција со неговиот ирански колега Абас Арагчи, кој престојува во официјална посета на Туркије.

Тој додаде дека Анкара не сака да види натамошна ескалација на граѓанската војна во Сирија, која трае од 2011 година.

На 27 ноември избувнаа судири меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските вооружени групи во западните рурални подрачја на Алепо во Северна Сирија, што означи повторна ескалација на борбите по период на релативно затишје на конфликтот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕХФ го казни Пелистер

Следно

До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop