Турскиот министер Фидан и американскиот државен секретар Рубио разговараа за билатералните односи и регионалните прашања

May 12, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и американскиот државен секретар Марко Рубио денес разговараа за билатералните односи и регионалните прашања, вклучувајќи ги Сирија, Газа и Украина, соопштија турски дипломатски извори, јавува Анадолу.

Во телефонскиот разговор, Фидан ја истакна важноста од укинување на санкциите врз Сирија за стабилноста и просперитетот на земјата.

Во телефонскиот разговор се разгледани и ослободувањето на израелско-американскиот државјанин Едан Александер од страна на Хамас и планираните мировни преговори меѓу Русија и Украина.

Мировните преговори се закажани да се одржат во Истанбул, Турција, а украинскиот претседател Владимир Зеленски посочи дека го прифаќа предлогот на Москва за продолжување на преговорите.

Според изворите, разгледани се и деталите за претстојната посета на Рубио на Турција по повод неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО што ќе се одржи во Анталија на 14 и 15 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ханси Флик останува во Барселона најмалку до 2027 година

Следно

Гешоска во Аргумент плус: Потребна е поголема финансиска поддршка за Саемот на книга

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop