Турскиот и рускиот претседател повикаа на дипломатија за растечките тензии меѓу Иран и Израел

June 16, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараа за ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел, како и за билатералните односи и регионалните прашања, соопшти Директоратот за комуникации на Турција, пренесува Анадолу.

За време на телефонскиот разговор Ердоган предупредил дека циклусот на насилство предизвикан од израелските напади врз Иран ја загрозува безбедноста на целиот регион, се вели во соопштението на Директоратот.

Ердоган нагласил дека непочитувањето на законот од страна на Владата на Нетанјаху претставува јасна закана за меѓународниот систем, додавајќи дека регионот не може да толерира уште една војна.

Од самиот почеток Анкара им даде приоритет на дипломатските иницијативи за запирање на нападите, истакна Ердоган, нагласувајќи дека единствен начин за решавање на проблемите со Иран е преку дипломатија, како и дека преговорите мора да продолжат без одложување.

Ердоган, исто така, ја нагласи важноста да не се дозволи нападите на Израел врз Иран да го засенат тековниот геноцид во Газа.

Рускиот претседател Путин, исто така, ја изразил итноста од прекинување на конфликтот и отворање простор за дипломатија.

Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел започна координирани воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, меѓу кои и воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.

Израелските власти соопштија дека најмалку 24 лица се загинати, а стотици се повредени во иранските ракетни напади од петокот.

Иран, од своја страна, соопшти дека најмалку 224 лица се загинати, а над 1.000 се ранети во израелскиот напад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал Хилал не се откажува од Осимен, му нуди 50 милиони евра годишна плата

Следно

Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop