Турскиот дрон „Бајрактар Акинџи ТИХА“ за првпат изложен на саем за одбрана во странство

February 23, 2023
1 min read

АБУ ДАБИ (АА) – ГОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ –

Офанзивното беспилотно летало „Бајрактар Акинџи ТИХА“, развиено од турската компанија „Бајкар“, за првпат беше изложено на меѓународен настан од полето на одбранбената индустрија, јавува Анадолу.

Во главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Абу Даби, истовремено се одржаа Меѓународниот саем и конференција за одбрана ИДЕКС, и настанот за поморска одбрана и безбедност НАВДЕКС.

На настанот свое место имаше и турската одбранбена индустрија. Над 50 компании од одбранбената индустрија од Туркије на учесниците им презентираа низа решенија со своите производи како што се беспилотни воздушни и копнени возила, платформи за оклопни возила, системи за оружје, електронски системи, муниција, симулатори и логистика на производи за поддршка.

„Бајкар“, производителот на беспилотни летала, го отвори својот штанд во рамките на активноста за поморска одбрана и безбедност НАВДЕКС, и ги пречека своите посетители.

Генералниот директор на „Бајкар“, Халук Бајрактар, кој ја предводи делегацијата на оваа компанија, разговараше со делегации од повеќе земји.

„Бајкар“ во овие рамки го изложи дронот „Бајрактар Акинџи ТИХА“. Дронот „Акинџи“, кој во ОАЕ беше транспортиран со товарен авион, беше претставен со домашната муниција која ја носи во себе.

На овој начин, „Бајрактар Акинџи ТИХА“ за првпат е изложен на настан за одбранбена индустрија во странство.

„Бајрактар Акинџи ТИХА“ претходно прелета над три земји и поминувајќи околу 2 илјади километри, пристигна во Азербејџан каде што беше изложен на технолошкиот настан ТЕКНОФЕСТ.

– Ќе се зголеми бројот на производи од турската одбранбена индустрија во ОАЕ –

Според информациите до кои дојде новинарот на АА, ОАЕ се заинтересирани за производите од турската одбранбена индустрија како што се „Бајрактар Акинџи ТИХА“, „Бајрактар ТБ2“, хеликоптерот „Атак“, паметни муниции и ракети, поморски платформи и оклопни копнени возила.

Со проектите што се очекува да бидат реализирани во блиска иднина, се очекува да се зголеми бројот на производи од турската одбранбена индустрија кои ќе бидат ставени во употреба на безбедносните сили на ОАЕ.

„Бајрактар Акинџи ТИХА“ е на оперативна должност од 29 август 2021 година кога влезе во инвентарот на Турските вооружени сили и до денес извршува воени мисии и придонесува за координација на работите кои се преземаат при природни катастрофи.

Покрај „Бајрактар ТБ2“, беспилотно летало за кое се потпишани договори за извоз со многу земји, „Бајкар“ има потпишано договори со пет земји за „Бајрактар Акинџи ТИХА“.

Во рамките на извозните договори, компанијата ќе ја реализира првата испорака оваа година, додека продолжуваат разговорите за реализирање нови продажби.

„Бајкар“ со растечката продажба во странство стигна до позиција на турска компанија од одбранбената индустрија која има остварено најголем извоз во последните две години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ловрен ја заврши репрезентативната кариера

Следно

Чешка на Украина ѝ има испратено воена опрема во вредност од 1,8 милијарди долари

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop