Турскиот Џон Вик, со холивудската сличност и анадолскиот шарм ја презентира Анадолија со локален дијалект

December 21, 2023
2 mins read

КОЊА (АА)

– Серхат ЧЕТИНКАЈА

Омер Аслан, коj привлекува големо внимание во Коња поради својата сличност со ликот Џон Вик од истоимениот филм, кој го игра холивудската ѕвезда Кијану Ривс, со локален акцент раскажува за културата, вкусовите и вредностите на градот во кој живее, пишува Анадолу.

Триесет и деветгодишниот Аслан од турскиот град Коња десет години работи како наставник по физичко воспитание во градот Караман. Аслан случајно ја забележал својата сличност со ликот Џон Вик по вниманието што го добил во Истанбул во 2021 година.

Барањата на луѓето да се фотографираат со него во истанбулскиот кварт Еминону и вниманието на иранскиот режисер кој во близината имал филмски сет, го натерале Аслан да направи истражување на интернет.

Согледувајќи ја сличноста со Киану Ривс, со текот на времето, стилот и имиџот на Аслан се трансформирале во ликот на Џон Вик.

Луѓето околу Аслан почнале да го нарекуваат „Џон Вик од Коња“.

На социјалните мрежи внимание привлекуваат и содржините што ги снима Аслан, главно видеа на неговиот локален акцент, промовирајќи ги вредностите на Коња и Караман, а понекогаш и градовите што ги посетува.

Задоволен од вниманието што го добива, Аслан за АА изјави дека луѓето го знаат како локалниот Џон Вик поради неговиот акцент од Коња.

Изјавувајќи дека наишол на интересни реакции, Аслан рече: „Луѓето, генерално, велат: ‘Овој тип личи на Џон Вик, но неговиот акцент е од Коња. Се прашувам дали го синхронизираат.’ Има луѓе од странство, од Канада, Белгија, од Германија, кои ме контактираа.“

Зборувајќи дека има и луѓе што мислат дека тој навистина е Џон Вик, Аслан рече:

„Еднаш еден ми рече: ‘Пријателе, вчера го гледав твојот филм. Извонреден си. Ајде да се фотографираме.’ Иако реков: ‘Јас не сум Џон Вик, јас сум од Коња’, не можев да го разубедам. Ми се случуваат вакви интересни работи. Општо земено, туристите зборуваат на англиски јазик во Анталија, Аланија, музејот Мевлана, Истанбул и во близина на кулата Галата. Само ги разбирам Џон Вик и Кијану Ривс. ‘Јас сум Турчин, од Анадолија’, им велам ‘Џон Вик од Коња.’ Има многу луѓе што сакаат да се фотографираат.“

– „Буквата ‘г’ има посебно место кај нас“ 

Раскажувајќи дека неговиот акцент привлекува големо внимание и дека создава поинаква енергија кога се комбинира со ликот на Џон Вик, Аслан рече:

„Јас сум за одржување на дијалектот. Тоа е наш камен во градбата. Ми се допаѓа да користам дијалект. На тој начин се обидувам да ја презентирам анадолската култура. Луѓето од Коња и Централна Анадолија го сакаат зборот норун (nörün), кој се користи за изразот ‘како си, што правиш’. Буквата ‘г’, на пример, кај нас има посебно место. Ние велиме ‘Гоња, Гараман, Ангара’ (замена на согласникот К во зборот со буквата Г). Го објаснувам тоа во моите видеа. На пример, постои зборот ‘gurur (гордост)’. Зборот gurur кај нас има и друго значење (во дијалектот од Коња кога во турскиот збор kurur – исуши, ќе се замени буквата К со Г, според локалниот дијалект се добива зборот gurur (гордост), но значењето му е во некои случаи – исуши). На моите ученици им велам: ‘Користете го зборот gurur во речениците.’ Еден од моите ученици рече: ‘Наставнику, мајка ми рече дека ако ги рашири алиштата на сонце, ќе се исушат.’ На овој ученик му дадов 100 поени. Неговата самодоверба се зголеми. Овој ученик студира воздухопловно инженерство.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски и Тренчевска на предновогодишно дружење со децата од Јавните установи „25 Мај” и „11 Октомври”

Следно

„Siam Ocean World“, најголем океанариум во Југоисточна Азија

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop