Турски туристи спасени кај Кањонот Матка откако пријавиле дека се изгубени

January 20, 2025
1 min read

Турски туристи кои се наоѓале спроти ресторанот „Кањон Матка“ синоќа безбедно се префрлени преку езерото. Центарот за управување со кризи денеска информираше дека вчера на бројот 112 е добиена пријава од нив дека не можат да се движат во мракот и дека им е потребна помош за да преминат од другата страна каде се наоѓа ресторанот и пешачката патека.

-За таа цел било потребно пловно превозно средство (кајче, чамец). Регионалниот ЦУК Скопје координираше со институциите од Системот за управување со кризи и информираше дека за ова веднаш биле известени ПС Сарај и Општина Сарај и според повратните информации за околу еден час странските државјани биле извлечени од местото каде што се наоѓале и потоа безбедно биле префрлени преку езерото, односно акумулацијата „Матка, информира ЦУК.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски туристи безбедно извлечени откако се изгубиле кај езерото „Матка“

Следно

Трамп вети дека ќе ги отвори досиејата поврзани со атентатите на Џон Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг Џуниор

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop