Трамп вети дека ќе ги отвори досиејата поврзани со атентатите на Џон Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг Џуниор

January 20, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Идниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, синоќа вети дека ќе ги отвори за јавноста досиејата поврзани со атентатите на поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди и активистот за граѓански права, д-р Мартин Лутер Кинг Џуниор, јавува Анадолу.

„Како прв чекор кон враќање на транспарентноста и одговорноста во Владата, ќе ја прекинеме прекумерната класификација на владините документи“, изјави Трамп пред своите поддржувачи во арената „Капитал Ван“ во Вашингтон.

„Во наредните денови ќе ги објавиме преостанатите документи поврзани со атентатите на претседателот Џон Ф. Кенеди, неговиот брат Роберт Кенеди, како и д-р Мартин Лутер Кинг Џуниор“, додаде тој.

Трамп претходно исто така повика на целосна декласификација на информациите поврзани со атентатот на Кенеди, што се случи во 1963 година.

Во неделното обраќање, тој ја повтори оваа заложба, истакнувајќи дека ќе го исполни ветувањето веднаш по преземањето на функцијата.

И Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг Џуниор беа убиени во 1968 година.

Трамп формално ќе положи заклетва како претседател денес претпладне, а веднаш потоа се очекува да потпише голем број извршни наредби кои веќе се подготвени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски туристи спасени кај Кањонот Матка откако пријавиле дека се изгубени

Следно

Анчелоти: Мбапе е најдобриот централен напаѓач во светот

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop