Турски МИТ неутрализира високорангиран терорист на ПКК/КЏК во северен Ирак

June 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Високорангиран терорист на организација ПКК/КЏК е неутрализиран во операција на турската национална разузнавачка служба во северен Ирак, соопштија безбедносни извори, пренесува Анадолу.

Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) го неутрализира Абдулкахар Карасач, со кодно име Алишер Чија, одговорен за специјалните сили на терористичката организација, кој го нареди нападот во 2017 година во кој загина турскиот полицаец Фети Секин, соопштија безбедносните извори.

Карасач, кој е во сивата категорија на барани на листата на турското Министерство за внатрешни работи, и кој учествувал во терористички активности во Сирија и Ирак, бил вклучен и во планирањето и спроведувањето напади со моделни авиони и дронови против Туркије.

Терористичкиот напад во Измир се случи на 5 јануари 2017 година, непосредно пред главната судска зграда, кога полицаецот Секин запре сомнително возило кое се покажа дека носи експлозив, спречувајќи многу повеќе смртни случаи.

Секин, кој имал само пиштол, трчал по двајца од терористите кои имале автоматски пушки. Успеал да застрела еден од нив, но останал без муниција. Тој беше убиен додека се обидувал да се засолни.

Во судирот и експлозијата на автомобилот бомба загинаа Секин и судскиот службеник Муса Џан, а уште девет беа ранети.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Екс-тренерот на ПСЖ пред портите на „Диего Армандо Марадона“

Следно

Туркије, Шведска и Финска се состанаа во Анкара на разговори за НАТО

Latest from Blog

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки. „Ние
Go toTop