Турската групација Пекер Холдинг отвори фабрика за земјоделски роботи во Словенија

May 22, 2024
1 min read

ЛОГАТЕЦ (AA) – Турската групација Пекер Холдинг отвори фабрика за земјоделски роботи во Словенија, јавува Анадолу.

Новиот административен центар и фабрика на компанијата Пек Аутомитив, подружница на Пекер Холдинг, се отворени во словенечкиот град Логатец, Словенија, а амбасадорката на Туркије во Љубљана, Ајлин Ташан, во својот говор на свеченото отворање истакна дека Туркије и Словенија имаат заеднички историски и културни врски.

„Словенија е наш пријател, наш сојузник“, рече Ташан.

Наведувајќи дека обемот на билатералната трговија меѓу Туркије и Словенија во 2023 година достигнала 2,55 милијарди долари, Ташан рече дека ќе продолжат да работат на унапредување во оваа област.

Јернеј Салецл, директор во Министерството за економија и трговија на Словенија, на свеченоста го изрази своето задоволство и истакна дека се горди на отворањето на фабриката што значи светла иднина за Европа.

Извршниот директор на Пек Аутомотив, Михаил Косткин, изјави дека тие се меѓу светските лидери во областа на производството на земјоделски роботи.

„Среќен сум што Словенија ја ставивме на мапата како лидер во оваа област“, рече Косткин.

Хасан Пекер, претседател на Управниот одбор на Пекер Холдинг за Анадолу изјави дека имаат реализирано многубројни успешни проекти во Германија, Шпанија, Холандија и Велика Британија и дека досега имаат добиено 14 патенти.

Тој додаде дека годишниот производствен капацитет на фабриката во Словенија ќе биде 1.500 единици.

„Тие се целосно беспилотни и работат со помош на вештачка интелигенција. Можат да прават сè во земјоделскиот циклус 24 часа на ден, 365 дена во годината. Најважна карактеристика на ова возило за светот е што заштедува 40 пати повеќе енергија од класичниот трактор. Ако трошите 40 илјади долари годишно на дизел- гориво, тоа го намалувате на илјада долари. Само ние го имаме овој патент и сами го развивме“, рече Пекер.

Ова возило освои прво место на натпревар во Кина, а Пекер рече дека имаат 11 дистрибутери во Европа.

Понатаму Пекер наведе дека земјоделскиот робот влегува во масовно производство и дека ќе биде значително поевтин од конкуренцијата.

На свеченоста присуствуваа и директорката во Министерството за економски развој на Словенија, Тања Пермозер, координаторката на Министерството за економски развој, Метка Урбас, градоначалникот на Логатец, Берто Менард, делегации од министерствата за земјоделство на Туркије и Италија, генерални директори на водечки европски банки и други значајни имиња од деловниот свет.

За развој на роботите и подготовка на погонот за производство инвестирани се 117 милиони евра.

Производот на оваа фабрика ќе овозможи значително намалување на трошоците на земјоделците во многу делови од светот, особено во Европа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Спортски игри Велес 2024 по трет пат: Од 4-8 јуни бидете во градскиот парк во Велес

Следно

Норвешка, Ирска и Шпанија ќе ја признаат независноста на Палестина

Latest from Blog

Катастрофа во Венецуела: Над 43.000 лица водат како исчезнати по разорни земјотреси

Според најновите информации, сè уште нема никаков контакт со 43.251 пријавено лице, иако оваа бројка бележи благ пад во однос на претходниот ден. Официјалните власти соопштија дека досега е потврдена смртта на

Комуналец Прилеп продолжува со уредување и естетско обликување на градското зеленило

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп продолжуваат со активностите за естетско кроење и обликување на зеленилото на повеќе локации во градот. Во рамки на акцијата се уредуваат зелените површини кај Споменикот на

Коњановски: ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ добива современи спортски терени

Започна реконструкцијата на спортските игралишта во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што ќе бидат изградени три нови модерни спортски терени. Увид во почетокот на градежните работи извршија градоначалникот на Општина Битола,

Комуналец Прилеп продолжува со уредување и обликување на градското зеленило

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп продолжуваат со активностите за естетско кроење и обликување на зеленилото на повеќе локации во градот. Во рамки на акцијата се уредуваат зелените површини кај Споменикот на

Божиновска: Македонија добива модерен закон за обновливи извори на енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оцени дека со усвојувањето на новиот Закон за обновливи извори на енергија е направен историски чекор што ќе ја промени енергетската иднина на
Go toTop