Турската Фондација Маариф ги презеде училиштата кои работеа под покровителство на ФЕТО во Буркина Фасо

July 18, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската фондација Маариф ја презеде контролата врз три кампуси поврзани со терористичката организација Фетулах (ФЕТО) во западноафриканската држава Буркина Фасо, јавува Анадолу.

Во соопштението на Маариф се вели дека три кампуси поврзани со ФЕТО во Буркина Фасо се префрлени на Фондацијата на годишнината од 15 Јули, Денот на демократијата и националното единство, годишнината од обидот за државен удар во 2016 година зад кој стои терористичката организација ФЕТО.

Властите на Буркина Фасо со одлука донесена на 3 јули одлучија да ги национализираат образовните институции поврзани со ФЕТО и да ги префрлат на турската Фондација Маариф. Делегацијата на Маариф, која отпатува во земјата, постигна договор со властите во Буркина Фасо за сите прашања.

На свеченоста што се одржа по повод 15 Јули, Денот на демократијата и националното единство, турскиот амбасадор во Уагадугу, Нилгун Ердем Ари, рече дека купувањето на овие училишта од страна на Маариф ќе ги зајакне односите меѓу двете земји.

„Турската Фондација Маариф спроведува успешни образовни активности во многу африкански земји. Кога ќе заврши процесот на префрлање на училиштата, ќе бидат преземени сите неопходни мерки училиштата да можат да започнат со своите активности во новата академска година“, рече таа.

Делегацијата на Маариф се состана со министерот за надворешни работи на Буркина Фасо, Карамоко Жан Мари Траоре, и министерот за национално образование, Жак Состен Дингара.

Министерот за надворешни работи Траоре рече дека зајакнувањето на односите меѓу Туркије и Буркина Фасо ќе придонесе за надминување на хуманитарната криза во неговата земја. Министерот за образование Дингара изјави и дека е задоволен од активностите на Фондацијата Маариф во Буркина Фасо.

Членот на Управниот одбор на Фондацијата, Махмут Оздил, истакна дека е значајно што трансферот на училиштата поврзани со ФЕТО се совпаѓа со годишнината од обидот за пуч на 15 јули.

„Од денес, Фондацијата опслужува повеќе од 53.000 ученици со повеќе од 500 образовни институции во 54 земји и заедно со Буркина Фасо во 23 земји ја презеде контролата врз училиштата кои работеа под покровителство на ФЕТО.

Терористичката организација Фетулаџи / Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) почна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Туркије во 1970-тите, а во 1980-тите значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции и, конечно, на 15 јули 2016 година изврши неуспешен обид за воен удар со цел уривање на уставниот поредок и соборување на демократски избраната влада во Туркије.

Во повеќе од 100 земји во светот функционираа стотици училишта и образовни институции поврзани со терористичката организација ФЕТО.

Турските надлежни институции водат опсежни истраги за судските постапки против таа терористичка организација, а Фондацијата Маариф е задолжена да ја преземе контролата врз институциите кои работат под покровителство на ФЕТО низ светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дачиќ: Ноќеска во Лозница брутално убиен полицаец на должност, уште еден тешко ранет

Следно

НАСА откажа мисија на Месечината

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и
Go toTop