Турската Aмбасада во Скопје организираше свечен прием по повод Денот на победата

August 30, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Амбасадата на Република Туркије во Скопје приреди прием по повод 30. Август – Денот на победата во Туркије и Денот на Турските вооружени сили, јавува Анадолу.

На приемот организиран под покровителство на амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок беа присутни министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Васко Ѓурчиновски, амбасадори во земјата, дипломати, политичари, претставници на турските организации и институции во земјата, персоналот на турската Амбасада во Скопје, како и други поканети гости.

Церемонијата започна со интонирање на химните на Туркије и на Северна Македонија, а беше прочитана и пораката на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, по повод овој ден.

Амбасадорот Секизќок во своето обраќање истакна дека од особено значење е што овој ден го одбележуваат на Балканот, со кој имаат вкоренета заедничка историја, и во Северна Македонија, која ја опиша како срцето на овој регион.

„Знаеме дека Првата светска војна, чии искри беа разгорени токму на Балканот, им нанесе незаборавно разорување на народите на овој регион. За Туркије, Првата светска војна дефакто заврши со победата на 30. Август 1922 година. Со потпишувањето на Лозанскиот мировен договор во 1923 година војната доби и правна разврска и истата година беше прогласена независна Република Туркије. Од мировните договори потпишани по Првата светска војна, во која загинаа близу 20 милиони лица, само еден успеа да стигне до денешницата, а тоа е Лозанскиот договор кој беше потпишан по победата на 30. Август“, рече тој.

Секизќок истакна дека победата на денешен ден 1922 година, која на турскиот народ му ја овозможи Мустафа Кемал Ататурк во својство на врховен командант на турската војска, направи да се основа Република Туркије и да се издигне врз цврсти темели.

Турскиот амбасадор во Скопје нагласи дека оваа победа во истовреме го истакнала и ставот на Ататурк – „мир во земјата, мир во светот.“ Според него, Ататурк со овој став нагласил дека меѓународниот мир, спокојство и стабилност може да се овозможи со едно разбирање кое ги опфаќа сите народи.

Тој посочи дека во рамки на ова разбирање и оваа цел, Туркије ги продолжува своите напори на меѓународно ниво со цел сите народи да живеат во мир и соработка.

„Турските вооружени сили со нивната вековно вкоренета традиција, во солидарност со пријателските и сојузнички земји, придонесуваат за мирот и стабилноста во различни региони во светот. Во оваа прилика би сакал да ја потврдам нашата волја за унапредување на убавата соработка со Северна Македонија и во областа на воената и одбранбената индустрија, како и во други области“, додаде Секизќок.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Ковачевски се врати блед од Блед, народот бара избори

Следно

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со народот ќе ја победи оваа власт и нивните слуги – колку посилно ВМРО, толку посилна Македонија

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот
Go toTop