реклама
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од Штип уште еднаш испрати критики до власта, повторувајќи дека се потребни избори.
„Се случува масовен егозодус на народот. Се случува систематско осиромашување на граѓаните. Се случува колапс во секој сегмент, здравство, образование, земјоделие. и владата непоместува ништо со мал прст тоа да го спречи.
реклама
Нема учебници, нема лекови, цените неконтролирано растат, земјоделците немаат вода за наводнување, нема правда, нема владеење на право, нема инфраструктурни проекти, нема странски инвестиции.
Имаме само максимално организиран криминал дозволен и спроведен од власта на ДУИ и СДС и ја имаме Македонија, за жал се помалку и помалку. И оваа арогантна и одлепена власт уште има храброст да каже дека ТИЕ биле Европа.
реклама
Епа господа од власта, нема Европска земја во која некој би бил министер после вакво фијаско. Во Европа после ваков колапс не чекаат редовни избори, туку си потпишуваат оставка и ги напуштаат фотелјите после вакви неуспеси.
Зарем Европа е кога министер од ДУИ ќе даде 2 милиони евра на фирма која внимавајте претходно била донатор на ДУИ и ги дала тие пари за му организира на истиот тој министер политички настан.Па ќе излезе да се жали како не знаел за тоа дека таа фирма била донатор. Па ќе излезе да се прави наудрен и да се прави дека тоа што го гледа не го гледа, а повеќе од 20 години или е министер, или портапрол или потпретседател. И добро еве бидејќи до сега не знаел еве сега знае, научи, и прашањето е што сега ќе преземе, дали ќе го раскине договорот кој што претходно го потпишал, или да бидам по прецизен дали смее да го раскине истиот тој договор кој го потишал со таа фирма донатор.
реклама
Зарем Европа е кога првиот човек на владата добива државно земјиште по едно евро и тоа од државата чиј што премиер, вештачки поставен, безнароден, без легитимитет ја води. Зарем Европа е кога се делат 215 пасоши на светски криминалци, нарко дилери и убијци? Претпоставувам дека и многумина од вас подзаборавија на тоа дека нема локален балкански криминалец и нарко бос кој што денеска нема македонски пасош издаден од оваа влада, која што денеска ја гледате започнува една кампања платена со ваши пари да не убедуваат дека тие биле Европа.
Зарем Европска вредност е кога пола од случаевите за проневера на европски пари се случиле во Македонија, а видовме дека биле арчени за фризерски студиа и тренирање на магариња. Оваа власт е се, само не е европска.
И сега кога стојат на стаклени нозе единствено на кое се надеваат е да коленичат, да одат против својот народ, само и само да останат некој ден подолго на власт. Но секој украден залак од народот ќе им преседне. Тоа јас им го ветувам. Ќе има одговорност и тие тоа го знаат, затоа се смртно уплашени од избори. Но епското бегање од избори не може вечно да трае.
Единствената тема на која сака власта да зборува, драги пријатели, се уставните измени, затоа што тоа им е единствената преостаната тема. Се друго е буквално катастрофа. А уставните измени се полоши од катастрофата во секоај друга област затоа што се натурени, наметнати и диктирани од надвор и народот е против во огромно мнозинство. Самите велеа, Пендаровски и СДСМ дека било внимавајте ќе потенцирам “ван памет“ да се менува повторно Уставот, и после три години еве ги истите тие актери повторно не убедуваат дај да го смениме Уставот за да можеле да дојдат НАСА или што уште не. Но, можат да се лутат само на дијагнозата иако не сум лекар, но вака како инжињер можам да им ја доделам, а тоа е дека тие се ван паметот.
Затоа народот и ВМРО-ДПМНЕ велат НЕ. Погледнете го Ковачевски како блед се врати од Блед. Доживеавме премиери на други држави да го бранат македонскиот народ и Македонија повеќе од премиерот кој го плаќаме со народни пари. Доживеавме да се редат понижување до понижување.
Се врати блед и сега се крие од јавноста затоа што нивната лага повторно пукна како меур од сапуница. Погледнете како тоне нивната последната сламка за спас. Францускиот претседател им ја кажа вистината. Европска унија им испрати абер. Сега се препелкаат, те овој сакал да каже вака, те оној сакал да каже онака. Сето тоа што го кажуваат не е точно. Јасно е. Без внатрешни реформи кои вие 7 години не ги правите, без оправање на секторите и состојбите на секое поле, нема да има ни афричка унија, а не пак европска. Народот бара РЕСЕТ. Оваа Влада ги изгуби и легитимитетот и кредибилитетот.
Велат тие биле Европа. Па прашајте го францускиот претседател покрај сите остапки сите понижувања кои ги прифатија, јасно вели дека нема ЕУ. И што после тоа. 2030 ни ја продаваат за светлата година која треба да дојде во состојба кога нема гаранции ни дека државата ќе стане членка на ЕУ до 2063 година. Македонија, драги браќа и сестри, е уморна од ветувања на европски бирократи кои не тапшаат по рамото ветувајќи работи кои не доаѓаат. Македонија е уморна од политичари на власт кои само за да ги задржат фотелја спремни се и душата да си ја продадат, само за да ужииваат во привелегиите додека народот живее на ивица, на раб на издржливост. Со оваа власт сме се далеку од ЕУ. И тоа е јасно, ниту има надеж дека ќе биде се подобро. Апатијата и неуспесите ќе завршат. ВМРО-ДПМНЕ цело време е со народот. Ги слуша неговите проблеми, ги гледа проблемите во општеството и за тоа на следните избори кога и да се случат ќе понуди решение и визија.“. рече Мицкоски.
реклама